Свет

СЗО: Треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата

Шефот на Светската здравствена организација вели дека треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата на коронавирусот и да се применува само на места со голема стапка на инфекција.

На Тедрос Аданом Гебрејесус му се придружија шефовите на УНИЦЕФ и УНЕСКО за да се нагласи важноста за одржување на училиштата отворени каде што е можно и да се предупреди дека колку повеќе деца не одат на училиште, толку е помала веројатноста тие се вратат на многу места.

Тој вели дека учењето на далечина треба да биде достапно каде што е можно, објави АП.

Тедрос вели дека податоците на СЗО покажуваат дека процентот на смртни случаи од Ковид-19 евидентиран кај лица на возраст под 20 години е помал од 0,2 проценти. Според него, потребни се повеќе истражувања за факторите што го зголемуваат ризикот од тешки случаи и смрт кај децата и предупреди дека долгорочните ефекти остануваат непознати.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Од денес Србите ќе возат бесплатно низ „Пријателство“

Светот може да се соочи со најтоплата деценија досега

Сузана Мицева

Суша ја уништува пченицата, 34 земји гладуваат