Македонија

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар

Три локации се во игра за изградба на новиот Клинички центар истакна денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој посочи дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има веќе постоечка болница со надградување и проширување на дејноста.

„Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, изјави Сали.

Препорачуваме:

Нуредини: Треба да штедиме, можно е да немаме доволно гас за греење

Ване Трајков

Отворен адреналински парк во Скопје

Намален прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Ivana Vangelova