Свет

Рејкјавик на улиците заради Панама

Неколку илјади демонстранти протестираа пред зградата на Парламентот во Рејкјавик, со барања за оставка на премиерот Сигмундур Гунлаугсон.

Протестите беа организирани откако неговото име се најде меѓу политичките лидери од светот во „Панамските документи“, каде се тврди дека имал сметка во земји означени како „даночни раеви“.

“Превземи одговорност” и “Каде е новиот устав?”, беа некои од транспарентите кои ги носеа демонстрантите.

Според откритијата од тајните документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека„ исландскиот премиер и неговата сопруга депонирале еден милион долари во фирма на Британските Девствени Острови,

Премиерот Гунлаугсон се брани дека не сторил ништо незаконски и најави дека нема намера да се повлече од функцијата.

  • Јас сум предаден и длабоко сум разочаран од ваквите обвинувања„ изјави исландскиот премиер за локалната телевизија ТВ2.

Опозицијата побара расправа во Парлментот и гласање за доверба на Владата, по како што велат, скандалозната постапка на премиерот.

Според опозициските лидери, со својата постапка премиерот ја „осрамотил државата и го повредил нејзниниот углед“ во Европа и во светот, а покажал и недоверба кон домашната валута и исландските банки.

Повеќе од 20 илјади потписи се собрани досега со барање на Исланѓаните за оставка на Гунлаугсон.

Собраните демонстранти во центарот на Рејкјавик носеа исландски знамиња и транспаренти на кои бараа од премиерот да ја „каже вистината“ и да се „збогува со политиката“.

Исландскиот јавен сервис РУВ јави дека претседателот на оваа островска земја во северниот Атлантик, Олафур Рагнар Гримсон го прекинал својот престој во САД и се вратил во Исланд, објаснувајќи го тоа со политичката криза во земјата.

Премиерот Гунлаугсон се наоѓа на функцијата од 2013 година.

Препорачуваме:

Опасност од поплави и лизгање на земјиштето на Балканот

Сузана Мицева

И во Европа расте сиромаштијата

Сузана Мицева

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови

Сузана Мицева