Свет

Рекордни 65,3 милиони бегалци во светот во 2015 година

Бегалците и раселените лица во светот, кои избегале од конфликти и репресии, достигна рекорден број од 65,3 милиони лица во 2015 година, соопшти од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Како што јави ДПА, според УНХЦР, конфликтите и прогоните во земји како Сирија и во Авганистан, се основниот фактор за зголемувањето на бројот на бегалци и раселени лица.

Годишната статистика на УНХЦР покажува дека лани прв пат е преминат прагот од 60 милиони бегалци и мигранти, односно, во просек еден на секои 113 лица во светот е потенцијален азилант, внатрешно раселено лице или бегалец.

Првиот човек на УНХЦР, Филипо Гранди, истакна дека „факторите кои ги заплашуваат бегалците сè повеќе се множат“.

  • Ужасен е бројот на бегалци и мигранти кои загинуваат во морињата секоја година. Но, сите луѓе, бегалци од војната, не можат да го продолжат својот пат, бидејќи границите се затворени – додаде тој.

Препорачуваме:

Починаа трудницата и бебето од сликата која го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

Сузана Мицева

Избори во Србија 2022 – Граѓаните бираат шеф на државата и пратеници во Собранието

Сузана Мицева

Зеленски повика на итен прекин на огнот