• Fri. May 10th, 2024

Реконструкција на дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци

ByВане Трајков

May 16, 2019

Започна реализацијата на Под-проектот: „ Реконструкција на   дел од пристапни улици кон Здравствен Дом во Богданци “, во рамките на  ЕУ проектот „Унапредување на општинското владеење“, менаџиран од страна на УНДП.

Со проектот ќе се изврши реконструкција на дел од три улици : Васо Марков , Мирче Ацев и Дојранска,  во вкупна вредност од 2.183.107 денари, каде општина Богданци учествува во кофинансирањето на проектот со 615.258 денари сопствени средства .

Проектот преставува дел од Стратешките определби на Локалната самоуправа во Богданци чија цел е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општината преку подобрување на локалната инфраструктура, а во прв план преку подобрување на патната инфраструктура.

Потребното време за реализација на сите активности за реконструкција , доколку дозволат временските услови е еден месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *