Регион

Реакција на о.Струмица на обвинувањата од жителите на населеното место Сачево

Во врска со денешното крпење на дупките на патот кон селото Сачево од страна на неколку млади луѓе, Општина Струмица има разбирање за проблемот, но не го оправдува начинот на кој што истиот се решава. Факт е дека има проблеми, Општината ги знае и согласно можностите и законските прописи ги решава, како во градот така и во населените места.

Согласно Програмата Ј6 – Одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Струмица за 2018 година, а почитувајќи ги законските прописи за вакви градежни зафати, идната недела ќе започне крпењето на ударните дупки во градот и населените места, меѓу кои е и Сачево.

Освен крпењето на дупките, оваа година во Сачево ќе се реализира и проектот за санација на двата моста во селото, која што ја побараа жителите на заедничката средба со градоначалникот Коста Јаневски и во рамките на планот за тампонирање на полски патишта ќе се тампонира патот Сачево – Муртино.

Како Општина во потполност ја разбираме нетрпеливоста кај некои жители од селото Сачево согласно нивниот младешки дух, но предупредуваме и на законските дејства кои произлегуваат од непочитувањето на регулативите во делот на постапката која што е преземена од страна на неколкуте млади луѓе. Нестручно изведените интервенции можат да предизвикаат и други проблеми.

Општина Струмица секогаш е отворена за соработка со граѓаните, за нивните предлози и идеи и заедничко решавање на проблемите, но не и на начин на кој тоа денеска го направија младите од населеното место Сачево.                                                      

Препорачуваме:

Мароканец осомничен за напад врз полицаец кај Гевгелија: Mу ја фатил десната рака и му го скршил прстот

Ѓ. K.

Се затвора старата депонија во Гевгелија

Сузана Мицева

Од старите табли и закачалки направија забавни паноа за учениците

Сузана Мицева