• Sat. May 11th, 2024

„РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ УЧЕСНИЦИ НА ВОЛШЕБНАТА НОЌ НА СТАРОГРАДСКАТА ПЕСНА ВО ШТИП

Во преполнетата сала на Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип синоќа „Распеани штипјани“ прославија една година од своето постоење. На роденденското славје, на сцената настапија, освен домаќините „Распеани штипјани“, уште и „Распеани гевгеличани“ и пензионерската група од Свети Николе. Тие изведоа китка прекрасни староградски рефрени, а публиката со уживање ги слушаше песните кои некогаш се пееле низ градските калдрми на Штип, Гевгелија и Свети Николе, а кои овие распеани друштва ги чуваат со многу љубов од заборавот.
На крајот на вечерта, сите заедно, и учесниците и публиката ја запееја „Кренете ги чашите“, со што си посакаа повторно видување во некоја друга прилика.
Организаторот, ЗГ „Распеани штипјани“ подели и повеќе признанина на институции и поединици за поддршката која од нив ја добиваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *