Регион

Раноградинарите да извршат редовна хемиска заштита на своето производство-советуваат земјоделските стручњаци

Ниските температури може да предизвикаат одредени штети кај некои земјоделски посеви. Затоа земјоделските стручњаци советуваат, раноградинарите да извршат редовна хемиска заштита на своето производство. Во овој период кога температурите варираат, може да дојде до оштетување на раноградинарското производство. Денес ладно со температури околу нулата, а викендот се очекува зголемување на дневните температури и до 15 степени-ваквите екстремни разлики негативно влијаат врз целиот расад, вели Игор Ивановски-магистар по земјоделски науки.

-„Редовната хемиска заштита се врши со повеќе препарати-група препарати кои сузбиваат болести што предизвикуваат гниење на растението, а кај некои култури каде што има појава на инсекти, се користат инсектициди кои уништуваат лиснати вошки“, вели Ивановски.

Ивановски советува земјоделците да користат проверни препарати и ѓубрива, со цел да не претпат големи штети.

-„Моја препорака е раноградинарите да користат и био стимулатори, со цел, растенијата полесно да ги надминат овие температурни шокови. Исто така советувам и земјоделците да не користат непроверени препарати кои имаат хормонално дејство, бидејќи младото растение на овие температурни разлики може целосно да се уништи“, додава Ивановски.

На градинарите им се препорачува да преземат мерки и за дополнително загревање на пластениците и оранжериите, барем овие денови кога се очекува температурата во утринските часови да се спушти и до 15 степени под нулата.

Препорачуваме:

Ирена Танчева замина на лекување во Русија

Се асфалтира патот Куклиш-Градско Балдовци

Финансии го објави повикот за општините за енергетска ефикасност