Спорт

Ракометен Јуниор КУП во Богданци – Во интерес на децата, четири клуба формираат југоисточна лига

Четири јунироски ракометни екипи од Струмица, Богданци, Гевгелија и Неготино, викендов во Богданци ќе се натпреваруваат во рамките на Јуниор Куп-Југоисток . Станува збор за натпреварување иницирано од клубот ,,Младост” од Богданци кои се домаќини на првиот турнир и секој месец ќе се одржува во различен град се со цел да се доближи ракометната игра до најмладите.

Турнирот ќе биде за ракометари до 14 години а учество пријавија ракометните клубови  Младост Богданци, Астраион -Струмица, Партизан – Гевгелија и Вардар од Неготино. Овие четири екипи по ждрепка во недела во салата во Богданци ќе играат полуфинални натпревари. Победниците ќе играат за прво а поразените за трето место.

,,Станува збор за заеднички проект со договор на повеќе клубови  кој почнува од Богданци. Во план сме еднаш во месецот да се организираат вакви турнири среќавајки се секогаш во различен град во Југоистокот. Целта ние е да создаваме не само на млади играчи, туку и конечно да профонкцинира југоистокот како ракоментен регион, на ракоментата карта во Македонија, а со тоа да овозможиме ракометната игра да допре до секое дете уште од најмали возрасти,, ни изјави Никола Роглев од РК Младост од Богданци од каде ги повикуваат сите лубители на ракометот да бидат во недела на 25.11. во салата во Богданци

На овој проект можно е да се приклучат и јуниорски екипи од Радовиш и Штип и е добра можност да се даде потик за формирање на регионална лига за млади ракометари до 14 години .

Препорачуваме:

Кој ќе слави на Младост во првото фудбалско градско дерби меѓу Беласица и А. Пандев – двата табора најавуваат квалитетен меч !!!

Струмица славеше значајна победа против Охрид

Ване Трајков

Виктори Волеј против битолски Пелистер за пласман во ТОП 4 – Макс против Ускана од Кичево за втора победа

Ване Трајков