Спорт

Радовиш заслужува да биде во ракометниот врв на Македонија – ракометарите ги почнаа подготовките за новата сезона (фото)

Ракометарите на Радовиш ги почнаа подготовките за новата првенствена сезона во Суперлигашкото друштво. Првата фаза од подготовките ќе ја реализираат на спортските терени во овој град а во моментов се работи на повеќенаменското игралиште на отворено. Како што информираа од клубот се работи на подобрување на физичката подготвеност кај поединците по летната пауза по што ќе се пристапи на воигрување на одредени тактики.

Од клубот како што е познато си заминаа Мирко Мајич. Борче Соколов и Александар Марков но за возврат во клубот дојдоа десниот бек Ивица Лазаревски и пивот од Црна гора Лука Буич. Велат дека не се откажуваат за нови засилувања со кои ќе бидат респектабилен тим во престојниот шампионат. До крајот на преодниот рок не се исклучува можноста да се приклучат уште две ракометни имиња

,, Костурот останува речиси ист како и минатата сезона. За разлика од лани имаме послаб ростер но не се откажуваме. Радовиш заслужува да има квалитетен ракомет и верувам дека момците ќе дадат максимум да избориме плеј офф. Имаме помал буџет за ова година но се надевам дека во 2019 ќе имаме поголем буџет за сериозно чекорење кон ракометниот врв во земјава. Имаме добра екипа. Со уште два бека ќе бидеме рамноправни во борбата за 4 место кое води за плеј офф. Еурофарм, Пелистер и Бутел имат огромни буџети и донесоа звучни имиња во своите состави, но Радовиш е ракометен град и верувам дека со поголема финансиска подршка ке бидеме подобри од Охрид и Тинекс кои се конкуренти за 4 место,, изјави за ВИС Спорт Игор Конзулов од РК Радовиш

Радовишани до стартот на шампионатот ќе одиграт и повеќе контролни средби. Првата ја закажаа на 22 август во Битола со Пелистер кои неколку дена подоцна ќе одиграт пријателска и во Радовиш. Во моментов се преговара и со други ракометни тимови за контолни средби

Суперлигашкото ракометно натпреварување брои 10 екипи. На четирите најдобри им се приклучуваат Металург и Вардар со што ќе започне битката за титулата но и излезот во ракометна Европа. Во првото коло на 16 сепември радовишани му гостуваат на Вардар Јуниор а промоцијата пред своја пбулика и свој терен ке ја имат дури во третото коло со Струга на 30 септември

Препорачуваме:

Струмичанецот Димитар Витанов од клубот ,,АБЦ’’ стана кадетски државен првак во кати а полека го освојува и балканот

Пандевци меѓу четирите екипи што ќе се борат за КУП титулата

Битолски Пелистер им одржаа лекција на Виктори волеј, славеа максимална победа во Партизан Струмица