• Sat. May 18th, 2024

Продолжува намалувањето на бројот на хоспитализирани и починати од Ковид 19

Продолжува намалувањето на бројот на хоспитализирани и починати од Ковид 19.

Продолжува да се намалува бројот на тестирани за ковид-19, на заболени, хоспитализирани и починати. Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 11 до 17 април тестирани се 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Регистрирани сe 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9.

Најголем дел од регистрираните болни се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола. Вчера во седум градови немаше активни болни со коронавирус: Дојран, Дебар, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод и Богданци. Меѓу заболените има од сите возрасни групи. Најзастапени се оние над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до деветгодишна возраст.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со претходната седмица. Имало 130 реинфекции, со намалување од 24,9% . Пријавени се два смртни случаи од Скопје и Демир Хисар или за 81,8% помалку во однос на претходната недела. И натаму присутни се BA.1 и BA.2 подваријантите на oмикрон.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *