Македонија

Признанието за најдобар библиотекар „Павлина Цунева Маказлиева“ годинава го делат две битолчанки

Битолските библиотекарки Фатма Бајрам Аземовска и Лили Бошевска годинава го понесоа признанието за најдобри библиотекарки, што во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ се доделува на најистакнатите библиотекари во земјата. Целта на наградата е да се сврти вниманието кон оваа значајна и блгородна професија, но и да се мотивираат вредните и посветени библиотекари.

  1. Признанието „Библиотекар на годинатаПавлина Цунева Маказлиева“ за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од јавните библиотеки, за 2020 година се доделува на:

 м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар во НУУБ “Св. Климент Охридски”, Битола.

  1. Признанието “Библиотекар на годината Павлина Цунева Маказлиева” за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од училишните библиотеки, за 2020 година се доделува на:

д-р Лили Бошевска, стручен соработник- библиотекар во училишна библиотека при
ОOУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола.

Минатата година признанието „Павлина Цунева Маказлиева“ го доби струмичката библиотека „Благој јанков Мучето“, а го прими директорката на библиотеката Тања Гошева. 

 

Препорачуваме:

Пристигнуваат вакцините од Србија, втората пратка

Сузана Мицева

800 вработени без плати за февруари и март

Османи во работна посета на Берлин

Сузана Мицева