Регион

Привремено прекината потрагата по телото на рибарот во Дојранското Езеро

Ѓорги Атанасов заминал на риболов во петокот попладне. Со чамецот испловил околу 16 часот, а еден час подоцна жителите од крајезерските куќи го слушнале како повикува помош. Поради темнината, луѓето кои притрчале да му помогнат, не успеале навреме да го лоцираат. оттогаш се трагаше по него, а во понеделникот е пронајден чамецот и мрежата. Вчера потрагата беше прекината, но повторно ќе продолжи откако ќе се изврши снимање на теренот каде што се пронајдени чамецот и мрежата.

 

Препорачуваме:

Двојно зголемен бројот на решените урбанистички предмети во Гевгелија

Жена загина во сообраќајка кај Удово

Eко фронт во Сачево – општина Струмица го чистеше селото

Ване Трајков