• Fri. May 17th, 2024

Приведен радовишанец баран со централна потерница

ByВане Трајков

Jun 12, 2021
полиција

На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш. За него била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето е осудено на вкупна затворска казна од 7 години и 3 месеци, во врска со чл.378 од Кривичниот законик. Е.А. бил предаден во СВР Штип за понатамошна постапка по што ќе биде предаден во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *