• Sun. May 19th, 2024

Приведен криумчар од радовишко, превезувал 88 мигранти

ByВане Трајков

Jul 27, 2022

Денеска (27.07.2022) во 00.15 часот на место викано „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко. На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканиа“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници.
Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *