Регион

Приведени тројца струмичани- обработувале 29 стебла марихуана

На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук

Сузана Мицева

Протест на вработените од Здружение на возачи – Центар за возила Струмица

Ване Трајков

Гевгелија се надева на отворање на границите

Сузана Мицева