• Sat. May 18th, 2024

Премиерот Зоран Заев од Струмица со честитка за Богородица и повика на споделување на добрина

ByВане Трајков

Aug 28, 2017

Од Соборниот храм, Успение на Пресвета Богородица во Струмица кој што е во изградба, претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев упати празнична честитка до христијанските верници.

-Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога не личи да сме во нашите цркви, во нашите храмови со нашиот народ за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, рече премиерот Заев.

-Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица, рече Заев.

Претходно, претседателот на Владата, Заев присуствуваше на утринска литургија во манастирот Свети Леонтиј во Водоча, а попладнево ќе ја посети и црквата „Пресвета Богородица“ во близина на Берово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *