Свет

Пред точно 100 години на денешен ден е роден Џон Ф. Кенеди

Џон Ф. Кенеди е роден на 29 мај 1917, во Бруклајн, Mасачусетс. По завршувањето на Универзитетот во Харвард, во 1941 пристапува во Морнарицата на САД како резервист, но потоа напредува до командант на торпедна единица во Тихиот Океан и е одликуван со неколку медали.

По Војната е избран за сенатор на Демократската партија од Масачусетс. На претседателските избори во 1960 го победува републиканецот Ричард Никсон и на 43 години стана најмладиот претседател на САД во историјата.

На 22 ноември 1963 Џон Кенеди беше убиен со снајпер при посетата на Далас во Тексас. Официлајната истрага заклучи дека единствениот одговорен за атентатот е поранешниот маринец Ли Харви Освалд.
Свеченостите ќе се одржат во „Претседателската библиотека и музеј на Џон Ф. Кенеди“ во Бостон, каде што ќе биде отворена изложбата со наслов „Џ.Ф.К. 100 – Настани и спомени”
По повод јубилејот, Федералната поштенска служба пушти во промет и марка со ликот на Кенеди.

Препорачуваме:

Почина пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски

Ване Трајков

Германија ќе прими нови бегалци

Сузана Мицева

ЕП: Русија ги користи тензиите на Балканот за да ги разгори конфликтите

Сузана Мицева