Свет

Првпат по три месеци над 1.000 новозаболени во Германија

Германија пријави 1.045 нови случаи на ковид-19 и тоа е првпат по три месеци бројот на новозаразени да биде поголем од 1.000.

Последниот пат кога Германија пријави над 1.000 нови инфекции во еден ден беше на 9 мај, пренесува Си-ен-ен.

Германската влада изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени во земјата и ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките како што се физичка дистанца и носење маски.

Вкупниот број на заразени во Германија достигна 213.067, покажуваат дернешните податоци од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Претходниот ден во Германија беа потврдени 879 случаи на ковид-19, пренесе Макфакс.

Бројот на починати од коронавирус е зголемен за седум, на 9.175.

Препорачуваме:

Бајден може да го назначи Обама за нов амбасадор во Велика Британија

Сузана Мицева

СЗО: Богатите земји итно да обезбедат 16 милијарди долари против Ковид 19

Рама во ненајавена посета на Турција на средба со Ердоган