Свет

По 30 евра за сите српски граѓани кои се вакцинирани, 50 за пензионери

Претседателот  на Србија Александар Вучиќ, во своето гостување на ТВ Пинк, посочи дека денес и се обраќа на јавноста со цел да објави неколку многу важни одлуки за граѓаните.

– Вакцинацијата е услов за секого. Јас се консултирав со премиерката доцна синоќа. Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки против оние кои нема да примат вакцина, што сметам дека е многу себично и неодговорно.

Затоа решивме да им дадеме дополнителна помош на сите што биле вакцинирани. Покрај дополнителните 30 евра што ќе ги добијат сите, и 50 евра за пензионерите. Сите над 16 години кои биле вакцинирани со една или две дози, ќе добијат дополнителни 3.000 динари од државата – рече претседателот.

Препорачуваме:

СТОЛТЕНБЕРГ: Русија се обидува да внесе раскол меѓу државите членки на НАТО

Светот има залихи на шеќер само за 68 дена

Ѓ. K.

ВИДЕО- Кога песочна бура ќе го покрие цел град

Dimitar Micev