Регион

По 20 години, струмичанец најдобар математичар – Иван Мастев златен, Бајрактаров сребрен на олимпијадата

Струмички средношколци го засенија врвот на 24 тата  македонска математичка олимпијада. Станува зор за учениците Иван Мастев и Димитар Бајрактаров кои се докажаа како најуспешни во решавање на математички задачи . Иван Мастев од четврта година при СОУ Јане Сандански“ од Струмица го освои златниот медал  додека Димитар Бајрактаров се закити со сребрениот медал. Ова е епилогот од математичката олимпијада која се одржа пред  речиси два месеца во ФОН Универзитетот во Скопје.

Иван Мастев е првиот струмичанец кој во последните 20 години го има освоено златниот медал на Македонската математичка олимпијада. Мастев оваа награда ја освои под менторство на професорката Елизабета Витанова и е меѓу шестмината освојувачи на златниот медал, кои имаат можност да учествуваат и на Светската математичка олимпијада.

И Димитар Бајрактаров е ученик во четврта година и под менторство на професорката Витанова.

Препорачуваме:

Десет години без Гоце Арнаудов

Ване Трајков

Исчезнато е лице од Раброво, Валандовско

Dimitar Micev

Грковска: Координиран пристап за унапредување на состојбите во спортот