Американскиот претседател Доналд Трамп по дводневната посета на Саудиска Арабија денеска денеска патува во Израел, обидувајќи се да го обнови израелско-палестински мировен процес со посета на Ерусалим и на Западниот Брег.
Во текот на два дена, Трамп одделно ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас и ќе ги посети светите места. Во понеделник во Ерусалим ќе се моли на Западниот ѕид и ќе ја посети црквата на Светиот гроб.
Тој претходно има изјавено дека лесно може да се дојде до помирување меѓу двете земји иако тоа изгледа дека е тешко остварливо.