Забава

Почина познатата српска писателка Исидора Бјелица

Денеска во Белград почина една од најмаркантните српски книжевнички и јавни личности, Исидора Бјелица. Писателката со години се бореше со тешката болест, карцином, за што пишуваше и во своите книги, но и често говореше во јавноста.

Родена е во Сараево, на 10 декември 1967 година, каде што завршила и гимназија. Потоа во Белград завршила Факултет за драмски уметности, отсек драматургија и магистрирала на истиот факултет со темата „Технотрилер како современ облик на трагедија“. 

„Се разболев од тага, неа ја имав во галони“, говореше често во медиумите Исидора за причината за својата болест. Се чекуваше цели седум години низ повеќе болници, па дури и во Македонија. Во 2013 година и беше дијагностициран карцином на јајниците. Оттогаш со сите сили се бореше против болеста којашто неколјупати се враќаше. 

Во процесот на лекување Исидора комбинираше хемотерапија, биолошка и имунотерапија. 

Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со кого има две деца. Синот Лав Григориј Пајкиќ и ќерката Вила Евангелина Пајкиќ. 

Ќе остане запаметена по неверојатната харизма, искреното но и проникливо перо и силата и храброста со кои се бореше со болеста, но и екстравагардниот изглед. Нејзините шапки беа дел од нејзината личност. 

Препорачуваме:

Под Стариот мост во Мостар измерени 50 степени

Сузана Мицева

РУШЕВИНИ КАКО СИРИСКИ БИЛБОРДИ

Dimitar Micev

Со прекрасен концерт на Каролина Гочева обележан Денот на рударите во Радовиш

Ѓ. K.