Регион

Поскапеа цигарите

Цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“ од вчера добија нова цена. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.Сите брендови на цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна пред овој поскапеа уште неколку брендови на цигари.
Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува и опцијата до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Според предвидениот план цигарите во наредните 6 години ќе поскапуваат по 4 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари.

Препорачуваме:

Намален бројот на илегални преминувања и криумчарења со мигранти лани во однос на 2020

Младите од Сачево го чистеа селото – собраа 20 вреќи ѓубре

Сузана Мицева

Нема гушкање и ракување на свадбите