Регион

Полицијата најавува контрола во кафулињата – викендов четири угостители ги прекршиле мерките за заштита од КОВИД – 19

Струмичката полиција информира дека ќе се спроведува честа контрола и ќе се казнуваат кафулињата но и гостите коишто не се придржуваат до мерките и препораките за заштита од КОВИД – 19.

„Секторот за внатрешни работи Струмица, во рамки на надлежностите, а имајќи ја предвид раздвиженоста во угостителските објекти во кои сѐ позабележително е присуството на младите, зголемената бучава (гласна музика), посебно во вечерните часови и непочитувањето на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија  во делот на носење заштитна маска и држење на потребно растојание реализира интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето. Активностите на полицијата се насочени  на: присуство на малолетници во угостителски објекти по 24.00 часот предвидено во чл.21 од ЗППЈРМ, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во чл.206 од Кривичниот законик и гласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, особено оние што живеат во близина на угостителските објекти и на почитување на работното време, каде се превземаат координирани  мерки и активности со Државниот пазарен испекторат.

            За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани кривични дела и прекршоци кои се повторуват, СВР Струмица согласно своите надлежности,  ќе изготви соодветни поднесоци, а за правните лица  ќе предложи  изрекување на соодветни санкции.

Така, бо текот на изминатиов викенд во четири угостителски објекти на подрачјето на  општина Струмица се констатирани кривични дела предвидени во чл.206 од Кривичниот законик, а во еден угостителски објект констатиран е прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ.

              Апелираме до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија, законските прописи и усвоените мерки. Доколку се констатира состојба спротивна на законите, истата  соодветно ќе се санкционира.

  Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежните инспекциски служби ќе продолжат  да се реализират и  во претстојниот период“, велат од СВР Струмица.

Препорачуваме:

Еднокуќево и Робово денеска ќе имаат прекини на водоснабдувањето

Ѓ. K.

ВИДЕО: Исплатени субвенции за овошни и градинарски култури

Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Гевгелија

Ѓ. K.