• Sun. May 19th, 2024

Полицискиот час го прекршиле 18 лица од кои две од Радовиш

ByВане Трајков

Mar 23, 2020
policija

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека изминатата ноќ полицискиот час го прекршиле пет лица од Тетово и две лица од Гостивар, кои и покрај опомената и укажувањето од полицајците, се однесувале агресивно кон нив, по што се уапсени.
Две лица од Куманово не ја почитувале забраната и кај нив е е најдено и оруже. Полицискиот час го прекршиле и се прведени две лица од Радовиш и едно лица од Штип, шест од Кочани, додека во Виница е регистрирано едно прекршување, но лицето побегнало.
Опоменати се 74 лица, кои биле во приватни возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *