• Mon. May 20th, 2024

Повторно голем број на починати во Италија

Италија продолжува да белжи огромен број починати од коронавирусот. 743 мртви за 24 часа е билансот во оваа земја вчера, а досега од смртоносната болест во Италија  загинале вкупно 6820. Расте и бројот на новоинфицирани – 5249, односно вкупно 69176 од почетокот на епидемијата во Италија.

Во Кина ситуацијата е смирена за разлика од почетокот на епидемијата, но не е во целост стопирана. 7 нови починати и 78 новоинфицирани за 24 часа во Кина.

Голем број починати изминатото деноноќие има и во Шпанија – 489 и 4540 новоинфицирани, Германија 2935 новоинфицирани и 26 мртви, Иран 1762 новоинфицирани и 122 мртви.

Во Македонија се заболени вкупно 145 од кои 12 нови денеска, 2 мртви и еден излекуван од почетокот на епидемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *