Регион

Полицајците од Југоистокот ќе контролираат со мобилни камери

Полицајците при СВР Струмица добија мобилни системи со камери со кои ќе се регистрира однесувањето на лицата кои се предмет на контрола, но и однесувањето на полициските службеници при извршување на своите работни задачи. Станува збор за околу 50 мобилни камери кои се наменети за полициските станици во Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово и се дел од проектот ,, Мобилен систем за снимање со камери’’ кој беше финансиран од ИЦИТАП програма на Одделот за правда на Владата на Соединетите Американски Држави

Како што соопштија од СВР Струмица овие мобилни системи со камери ќе бидат наменети при контрола на сообраќајот при што ќе се снима целата аудио и видео комуникациија меѓу полицајците  и граѓаните кои ќе бидат опрафатени со контролните активности

Препорачуваме:

Нема нови заболени пациенти со коронавирус, објави министерот Филипче

Ване Трајков

Јавен повик за работа во службите на патронажна дејност за медицински сестри

Стојне Митева

Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа 33-та седница

Ѓ. K.