В понеделник на 13 јануари верниците ќе може да се поклонат пред моштите на Св. Василиј Велики во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица.

Како што соопшти Струмичката православна епархија в понеделник за време на вечерната богослужба која ќе започне од 16 часот ќе бидат изнесени моштите на Св. Василиј Велики на поклонение.

И наредниот ден, односно на 14 јануари, верниците во текот на целиот ден ќе може да се поклонат пред моштите на овој светец.

Моштите на Свети Василиј Струмица ги има уште од периодот помеѓу 1913 и 1914година.

Тука нив ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија. Се до 1958 година ретко кој знаел дека ова духовно богатство воопшто постои во Струмица.

Од тогаш тие грижливо биле чувани во црквата, а пред дваесетина години секоја година во чест на празникот на Свети Василиј моштите се изложуваат со цел и верниците да имаат можност да се поклонат пред нив.