Спорт

Повеќе од 400 учесника на Струмица на улица – доделени наградите за најуспешните

Со интернационалниот полумаратон „Струмица на улица“ кој што се одржа синоќа, започна годинашното осмо по ред издание на Струмица ОПЕН фестивал. По улиците на Струмица трчаа вкупно 427 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Велика Британија, Португалија и Словенија, а наградите на најдобрите во трите категории на 5,10 и 21 километар им ги врачија градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, Ване Стојанов и Благородна Андонова.
Осмото издание на Струмица опен фестивал, за прв пат ќе трае 10 недели и ќе биде во знакот на спортот, културата, уметноста и музиката. Во тој период ќе се одржат вкупно 27 настани на 13 локации во Струмица и околината. И годинава општина Струмица го помага фестивалот со три милиони денари.

Победниците: 
21КМ – женски
прво место: Адријана Поп Арсова (АК Делта)
второ место: Билјана Кираџиева (AC Endurance – Скопје)
трето место: Миљана Ристиќ (АК Делта)
21КМ – машки
прво место: Деан Атанасов (Азимут Бугарија)
второ место: Александар Кираџиев ( AC Endurance – Скопје  )
трето место: Игор Јакимовски (АК Делта)
10КМ – женски
прво место: Силвана Вељуслиев
второ место: Марија Донева (Green Power)
трето место: Ивана Настовска (ОК Златоврв)
10КM – машки
прво место: Alasdair Coupar (NRC – NIKE + RUN CLUB), Велика Британија
второ место: Бојан Митев
трето место: Кико Нистров (АК Струмица)
5КМ – женски
прво место: Елена Даниловска
второ место: Сара Ромих (Словенија)
трето место: Лидија Марков (ААК Скобул)
5КМ – машки
прво место: Димитар Петровски
второ место: Ријат Шеипи (АК Лирија)
трето место: Тодор Анчев (АК Струмица)

Препорачуваме:

Видео:: Како девојките од струмичка Тиверија со 11 гола ги испратија битолчанки дома

Видео – Академија Пандев поразена од Зрински од Мостар во ЛЕ

Ване Трајков

Кире Лазаров објави крај на играчката кариера

Ване Трајков