Забава Регион

Повеќе од 150 млади ентузијасти создадоа спој на култури и пријателства на Strumica Youth Festival

Повеќе од 150 млади ентузијасти од Југоисточниот регион, во придружба на млади од Романија, Полска, Грција и Италија создадоа неверојатен спој на култури и пријателства на Strumica Youth Festival.

Фестивалот беше отворен со забава за добредојде, со локалниот DJ MILLI кој се погрижи за добрата забава со своите музички миксови! Преку работилници за SkillFusion, младите имаа можност да се запознаат со:

DJ KISKINOV Драги Кискин сподели совети, техники и тајни кои не запознаа со диџејството. Од основите до напредните техники на грабење, добиете практично искуство и увид во создавањето на сопствени уникатни битови,

One Way Dance Studio за основите на хип хоп танцот, од почетнички основи до напредни потези, преку кои ќе можат да се изразат,

Да научат за основите на фотографија благодарение на Stole Angelov,

Да ги истакнат и усовршат своите артивистички идеи и ставови на работилницата за артивизам, водена од Ана Марија и Данче,

На крај да научат механизми за справување во кризи преку работилницата за Млади и Кризи: основа на резилиентните заедници водена од Youth Alliance Крушево.

Меѓународниот Ден на младите – ден кој нè потсетува дека младината претставува силата која го обликува и менува светот!

Фестивалот е поддржан и организиран во соработка со Центар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysis и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица! Организаторите упатија голема благодарност за поддршката на Youth agents of change! – Center for Intercultural Dialogue (CID), Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia, Strumica OPEN Festival, #MusicConnectsPeople.

Препорачуваме:

Вчера казнети 92 возачи за брзо возење во Југоистокот

Ване Трајков

Евроамбасадорот Гир во посета на Ново Село

Ване Трајков

Во 00:00 часот вечер завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство

Стојне Митева