• Fri. May 10th, 2024

Планетум од Струмица ја спроведува иницијативата „Чист воздух, eдуцирај и делувај”

ByЃ. K.

Mar 28, 2024

Во рамките на проектот„Справување со загадувањето на воздухот” финасиран од Шведска, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со МЖСПП и општините Струмица, Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга, Еколошкото друштво Планетум од Струмица моментално ја спроведува иницијативата „Чист воздух, eдуцирај и делувај”.

Во склоп на оваа иницијатива ЕД Планетум – Струмица изработи инфографик со апликација која секој граѓанин на општина Струмица има можност да ја инсталира на својот мобилен телефон.

Целта на апликацијата е да се сликаат изворите на загадувачи и да се пратат на месинџер на Фб Профилот на оваа организација https://www.facebook.com/profile.php?id=100010904586425
Освен апликацијата за лоцирање на изворите на загадување ЕД Планетум набави и дваесет мобилни мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот.
Истите ќе бидат распоредени на повеќе локации во општина Струмица, а собраните измерени податоци ќе бидат ставени на интерактивна мапа на загадувачи која веќе два месеци се пополнува со извори на загадувачи со цел да се види кои локации во нашата општина се најзагадени и да се оди кон следните чекори на реакција.

By Ѓ. K.