Македонија

Пијанистката Даница Стојанова ќе настапи во Рим за Денот на независноста

По повод  8 септември Денот на независноста на нашата земја, амбасадата на РСМакедонија во Италија после долг период од 15 години организира прием на кој ќе присуствуваат претставници од дипломатскиот кор акредитиран во Италија,македонски државјани кои живеат и престојуваат во Италија и останати гости почитувачи на македонската култура и традиција.
На овој настан ќе настапи македонската уметница пијанистката Даница Стојанова  која што ќе се претстави со дела  од македонското класично музичко творештво.
Настанот ќе се одржи во Градините Кампители во Рим каде што Даница Стојанова неодамна настапи со целовечерен рецитал.
“Пресреќна сум што ќе ја претставам нашата земја за оваа посебна пригода.
Иако во Рим свирам повеќе пати ,оваа покана за мене е од големо значење, посебно што публиката ќе може да слушне дел од македонскиот композиторски опус на Т.Зографски,Г.Коларовски и Јана Андреевска  – ќе каже пијанистката 
Даница Стојанова
“Се надевам дека овој настан ќе премине во датум кој што ќе биде секогаш одбележан во иднина” -вели Магдалена Димова вршител на работите во амбасадата во Рим Италија.
 
Даница Стојанова е родена во Струмица – Македонија каде и го завршува основното музичко образование kaj наставник Софија Вета. Средното училиште ДМБУЦ Илија Николовски Луј го завршува во Скопје кај проф. С. Пановска а во меѓувреме соработува со професорите Д. Трбојевиќ и Арбо Валдма на Музичката Академија во Белград-Србија. Потоа ги завршува своите студии по пијано кај проф. Јокут МихаиловиќРусија, Србија и магистрира на ФМУ Скопје . Активно учествува на Интернационалните Музички Академии по пијано во Белгија, Русија, Бугарија, Мароко,Германија, Холандија и работи со светски познатите педагози како Жени Захариева, Акил Дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина,Хериберт Кох, како и на мастер класите по камерна музика во Суздаљ Русија каде работи со исклучителната проф. Гајдамович, Сашико Кодама Јапонија и др. Таа денес е еден од најреномираните професори по пијано и камерна, музика работи во средното училиште ДМБУЦ И.Н.-Луј каде постигнува високи резултати со своите ученици на државната и меѓународната сцена. Член е на жири комисии на престижните натпревари по пијано и камерна музика во регионов ( Македонија, Србија, Бугарија, Косово). Држи мастер класи за пијано во Македонија, Малезија, Косово, како и стручни предавања на Меѓународните Фестивали ( Шопен ФестивалБелград, Епта-Скопје,Шопен Фестивал- Куала Лумпур ) Има настапувано како солист со Македонска Филхармонија и Видинска Филхармонија ( Бугарија). Како уметнички соработник соработувала со уметниците Благоја Ангеловски, Анастазија Низамова, Ана Дурловски, Олег Контраденко, Роберт Цеков и др. Како солист настапува со полурецитали и целовечерни Концерти во Македонија, Бугарија, Украина(Киев)Турција, Малезија, Германија, Холандија,Франција,Италија, Косово, Србија , Италија,Њујорк-Америка, Член е на меѓународната пијано – дуо асоцијација во Токио, Јапонија.
 

Препорачуваме:

Ристо Пенов нов министер за локална самоуправа

Доаѓаат пеколни горештини, температури од 43 степени

Ѓ. K.

Решенија за изолација добиле 231 лице, казнети 1.022 граѓани кои не носеле маски

Сузана Мицева