Спорт

Пандев: За нас ова е големо искуство

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со 2 гола стигнаа до победата.

По мечот во Букуреш капитенотот на нашит национален тим, Горан Пандев рече дека жали затоа што фудбалерите не ги израдувале многубројните навивачи кои допатуваа во Букурешт.

„Како и за првпат, за прв натпревар на Европското првенство, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 70 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, имаат добра клупа, знаевме дека ако издржиме во првите 15 минути, можеме. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Најмногу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Пандев по мечот.

„Рисовите“ следниот меч на ЕП го играат во четврток против Украина.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Цицмиловиќ повторно тренер на Беласица – Ќе играме офанзивен фудбал, верувам во опстанок и КУП финале

Фото- Дури шест Државни Кик-бокс прваци од Струмица

Ване Трајков

Џио Струмица подобар од Вардар-му се насмевнува финале за титула

Ване Трајков