Регион

Пазарот на недвижности во Струмица активен, агентите очекуваат намалување на интензитетот

Во ноември лани биле  издадени 40 одобренија за градење станови во Струмица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со тоа Струмица е на второ место, после Прилеп, а пред Охрид, каде биле издадени 67, односно 40 одобренија.

Струмичките агенти за недвижности велат дека пазарот е се уште активен.

-Можам да заклучам дека имаме доста продадено станови, со оглед на бројот досега направени згради з аколективно живеење. Мое мислење е дека пазарот со станови ќе биде активен, но со намален интензитет конкретно во Струмица , бидејќи доста станови се продадоа, се направија и овие што сега се градат ќе бидат доволно за истиот тој пазар да не биде и презаситен од понуда. Струмица ќе остане атрактивна бидејќи градот нуди песпектива и за околните помали општини. Мое мислење е во иднина ќе се зголеми интересто за изградба на куќи поради ширењето на градот на локации каде што не е предвидено изградба на колективни згради за живеење, вели Јане Ангелов, агент за недвижности.

Според познавачите на пазарот, најдобра година за продажба била 2015-2016 година, а најголем интерес за станови има кај млади брачни парови, кај жители кои се на привремен престој во странство. Ангелов вели дека има и внатешна миграција од Валандово, Дојран, Радовиш, Богданци, Босилово, Ново Село, и Василево.

Статистиката на државно ниво покажува дека тешко се продаваат новоизградените станови. Според бројките на Агенцијата за катастар, заклучно со јуни, имало 3.663 станови кои чекаат купувсч. Продажбата на станови во споредба со градбата е мала, велат податоците.

 

Препорачуваме:

Асфалтирана улица во Радичево, Андонов најави и други проекти за ова место (видео)

Ване Трајков

Седми хуманитарен новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци

Солунскиот фронт од Првата светска војна – атрактивен за странски туристи. Сакаат да дојдат во Дојран

Сузана Мицева