Регион

Падна одлука – од оваа година земјоделците ќе користат поевтина нафта

На вчерашната седница на Влада, поминаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои што се создава и законска можност за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.Од оваа година земјоделците ќе користат поевтина нафта, со што ќе се намалат производствените трошоци, што е еден од условите за конкурентно земјоделско производство.

Земјоделските здруженија од Југоистокот велат дека субвенционирањето на нафатата ќе значи и помали тековни трошоци на земјоделците и поголем економски раст.

На земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта. Агенцијата за финансиска поддршка ќе им доставува платежна картичка со одреден износ во зависност од големината на земјоделските стопанства.

„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.„Целта на измените е намалување на производните трошоци и поконкурентно производство“, беше ставот на МЗШВ.

Препорачуваме:

Вработен во Државниот пазарен инспекторат примал поткуп

Ѓ. K.

Струмица го исфрли терминот „Родова еднаквост“ од Стратегијата за млади

Сузана Мицева

Бензините поскапуваат за 2, дизелот за 2,5 денари

Ване Трајков