• Fri. May 10th, 2024

Отпочнаа подготвителни активности за асфалтирање на две улици во Чанаклија

ByЃ. K.

Jul 8, 2023

„Во Чанаклија дадениот збор кон сите граѓани за овие улици почна да се реализира“, истакнува Славе Андонов, градоначалник на општина Василево.

Според него, решен е децениски проблем и граѓаните на општина Василево не се заборавени.

Во наредниот период тој најави проектирање на останатите улици кои заедно со жителите на Општина Василево се договорени како приоритет за нивните населени места.

Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кои се опфатени во првата фаза, а се продолжува со асфалтирање и во наредните денови. Се подобрува и патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.

Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

By Ѓ. K.