Македонија

Османи-Чавушоглу: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во рамките на посетата на Северна Македонија.

„Традиционално, блиските пријателски односи меѓу двете земји се вистински пример за градење стратешко партнерство и во таа смисла со задоволство може да кажам дека со ратификацијата на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Големото народно собрание, Турција ја докажа долгогодишната поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон европската и евро-атлантската интеграција“, истакна Османи.

Во продолжение на средбата двајцата соговорници разговараа за билатералната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, а беа отворени и темите поврзани со европската интеграција и перспективите на земјава во претстојниот период во очекување на почетокот на преговорите во октомври. Османи и Чавушоглу разменија мислења и за состојбите во регионот посочувајќи дека успехот во надминувањето на отворените прашања на Северна Македонија со соседите е светол пример на Балканот, кој треба да биде мотив и поттик и за другите балкански земји.

извор:makfax

Препорачуваме:

Бадник неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Сузана Мицева

ВИДЕО: Шахпаска: Зачувување на работните место и заштита на најранливите категории се наш врвен приоритет

Бензинот оди еден денар подолу, дизелот поевтинува за 1,5 денари