Регион

Општина Струмица најавува тужба за Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ доколку не се извини за денешниот прес

Општина Струмица и градоначалникот Јаневски бара извинување од Орце Ѓоргиевски од Вмро Дпмне за изнесените тврдења во денешната прес конференција, во спротивно, како што најавуваат, ќе поднесат тужба. Еве ја реакцијата на општината:

„Како Градоначалник на општина Струмица најостро ги отфрлам изнесените лаги и манипулации на денешната прес-конференција, со која за партиски цели се прави обид да се стави дамка врз работата на општина Струмица.

Сите постапки за јавни набавки кои се спроведени од моментот кога сум избран за Градоначалник до денес, се спроведени транспарентно, со постапка која обезбедува конкуренција меѓу економските оператори, со еднаков третман на економските оператори, и целосно почитување на начелата за рационално и ефикасно користење на средствата на Општина Струмица.

Во Општина Струмица работат само градежните фирми кои ќе понудат најниска цена за изведба, независно од партиската припадност на нивните сопственици. Сите склучени договори за набавки се јавно објавени и сите граѓани можат да ги погледнат на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Сите исплатени финансиски средства по основ на завршени договори се исто така јавно објавени и истите можат да ги следат на веб страната Отворени финансии. Токму поради овие причини нема потреба од манипулации, лаѓи и деструкција.

Наводите во прес-конференција на лицето Орце Ѓоргиевски се невистинити, не одговараат на фактичката состојба, и со истите се обидува да се нанесе штета на честа и угледот на Општина Струмица. Поради овие причини, го повикувам лицето Орце Ѓоргиевски, во рок од 48 часа, јавно да се извини за изнесените лаѓи и невистини. Во спротивно, Општина Струмица ќе поднесе тужба против споменатото лице, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Економскиот оператор “Дикор ЦД” кој e споменат на прес-конференцијата, ниту има добиено 70 јавни набавки, ниту пак нивната вредност е 61.000.000 денари. Лажна вест се и објавените информации дека Општина Струмица во февруари и во април оваа година склучила договори со оваа фирма во вредност од 16.000.000 денари.

Ги информирам граѓаните дека “Дикор ЦД” во 2020 година има добиено една набавка за крпење на ударни дупки, а во 2019 година една набавка за асфалтирање на улици. Вкупната вредност на реализирани финансиски средства по основ на овие договори е 3.000.000 денари. Наведената информација е јавно објавена и достапна на увид на сите граѓани на порталот Отворени финансии.

Го повикувам и погореспоменатото лице, да си ја спроведува сопствената предизборна кампања без да нанесува штета на честа и угледот на Општина Струмица“, се вели во соопштението.

Препорачуваме:

Седум години без Иван Василевски

Сузана Мицева

Дефект на бројот на пожарната и полицијата- 193 и 192

Приведени двајца крадци, расчистени повеќе кривични дела извршени во радовишко

Ване Трајков