Регион

Општина Струмица донира 1 милион денари за настраданите во поплавите

Струмица оддели еден милион денари од буџетот за помош на настраданите во поплавите кои изминатиот викенд го зафатија Скопје и регионот. Денеска на вонредна седница советот одлучи да се испрати помош за семејствата кои се погодени од невиденото невреме кое однесе 21 живот и предизвика огромна материјална штета.

Советничката од Сдсм Катерина Кузмановска, рече дека оваа трагедија треба да се сфати сериозно и надлежните институции во целата држава да ги превземат сите мерки кои се потребни со цел да се спречат катастрофи од вакви размери.

Од советничката група на Вмро Дпмне пак, апелираа да се биде во постојан контакт со институциите и да се стават на располагање механизација и луѓе од општинските претпријатија за да се помогне на загрозените семејства.

Од општина Струмица известија дека рано утринава се испратени специјализирани возила од комуналното претпријатие Комуналец и од територијалната противпожарна единица, како и стотина луѓе кои ќе помагаат во загрозените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион.

Препорачуваме:

По една година пауза повторно се распишува огласот за социјалните станови во Струмица

Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипеди во Општина Гевгелија

Ѓ. K.

Започна изградбата на детска градинка во с. Брајковци со капацитет за 40 деца