Регион

Општина Ново Село добива нова механизација

Општина Ново Село изразува огромна благодарност до Амбасадата на Швајцарија и Амбасадорката, Вероник Улман, УНДП и Постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан за набавката на нова механизација багер, трактор и приколка кои беа одбрани непосредно од граѓаните преку форумските сесии на проектот Форуми во заедницата

Проектот има за цел зајакнување на општинските совети, и претставува одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на дефинирање на проблемите и донесување одлуки со директно влијание на промените

Со директното вклучување, граѓаните на Општина Ново Село денес добија нова механизација и покажаа демократска зрелост со тоа што го прифатија процесот како модел за развој на општината.

Препорачуваме:

Сдсм во Ново Село прогласи победа за Боро Стојчев

Лавина коментари предизвика фотографијата на Бонева од Дојран- Ангов ја обвини дека шири лаги

Сузана Мицева

ВИДЕО: Јан Коп: Добри закони и помалку бирократија за добро земјоделско производство