Регион

Општина Босилово најавува изградба канализациони и атмосферски системи за отпадна вода

Општина Босилово најавува решавање на проблемот со канализационата мрежа и мрежата за собирање атмосферски води. Градоначалникот Зимбаков, смета дека кога станува збор за третманот на отпадните води, работите во општината се на самиот почеток. Вели дека постои документација, но не и изведбена реализација за отпадните води.

Зимбаков посочи, дека како локална власт ќе се фокусират и на решавање на проблемот со третман на атмосферски води, за превенирање на поплавите во дворовите и улиците низ населените места.

Во склоп на основите проекти за канализациони мрежи предвидени се и пречистителни станици, појаснува Зимбаков, додавајќи дека македонското законодавство не дава можност за изработка на систем без соодветна станица за прочистување на отпадните води.

 

 

Препорачуваме:

Љупче Љачев нов директор на ЈПКД Комуналец Струмица

Ѓ. K.

Дојран бележи успешна сезона и среде пандемија

Сузана Мицева

Општина Струмица одржа чествување по повод 152-годишнината од денот на раѓањето на Гоце Делчев

Ѓ. K.