• Fri. May 17th, 2024

Од 700 вакцини , во струмичкиот здравствен дом, заклучно до денес вакцинирани 362 граѓани со Астра Зенека

Во здравствениот дом во Струмица од пристигнатите 700 вакцини од британско-шветската комапнија Астра Зенека, заклучно со денес вакцинирани се 362 граѓани.

Др. Гудев за канал Вис потврди дека по 40 граѓани во просек дневно се вакцинираат во просториите на спортска медицина во струмичката болница. Бројот на вакцирани на дневна основа е во зависност од бројот на пријавите во Мој термин преку матичните лекари.
Засега нема ниту пациенти кои се јавиле да се пожалат на несакани ефекти и реакции по примената вакцина.

Од здравствениот дом во Струмица велат дека кадровски и просторно одговараат на потребите за вакцинација на населението против Ковид 29 , како и целосно почитување на протоколите од страна на министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *