• Sun. May 12th, 2024

Македонија до јуни треба да добие 100.620 дози „Фајзер“

Стотина земји се најдоа на листата на Ковакс, за коишто доцни испораката на вакцини. Оптимистичките најави се дека вакцините, сепак, ќе пристигнат пред летото.

Северна Македонија е една од стотината земји коишто се најдоа на долгата листа на чекање на вакцините за масовна имунизација кои треба да пристигнат од глобалната програма Ковакс. По големиот застој изминатиов период, последните оптимистички најави се дека вакцините сепак ќе дојдат до почетокот на летото. Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово до јуни се очекува да добијат по 100.620 дози од вакцината Фајзер.

Околу 14,1 милиони дози вакцини против Ковид-19 од Фајзер е во план да се испорачаат во 47 земји во вториот квартал од оваа година, објави Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави). Според објавениот распоред, Бразил, Колумбија, Мексико, Филипини, Јужна Африка и Украина ќе добијат најмногу од овие вакцини од глобалната програма Ковакс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *