Регион

Од Нова Година две нови вакцини во календарот за имунизација.Вакцините против пнеумокок и ротавирус од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата

Вакцините против пнеумокок и ротавирус од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Но целта според здравствените власти е оправдана бидејќи ќе спречат тешки заболувања и сериозни компликации по здравјето на најмалите од опасните бактерии и вируси.

Според болничките евиденции, секое второ дете во градинка ја има бактеријата стрептокока а родители за да ги заштитат ја бараат вакцината во диспанзерите. Со дополнување на календарот, од Министерството за здравство велат дека ги исполниле сите препораки од СЗО.Оваа година ќе распишеме тендер да ги обезбедиме вакцините за сите деца во државата. На овој начин ќе го спречиме морталитетот и морбидитетот бидејќи овие заболувања предизвикуваат тешки заболувања кај децата до пет годишна возраст а ротавирусот до 2 годишна возраст. Во земјите од Западна Европа се задолжителни со години, велaт од министерството за здравство

Покрај проширување на календарот за вакцинирање, здравствените власти ќе го модернизираат процесот на имунизација особено кај вакцините кои децата ги примаат на 6 и 14 годишна возраст.

Дитепер и полио, сега полио нема да биде со капнување туку заедно како една вакцина, тоа е за вакцината што децата ја примаат на 6 години и Дите на 14 годишна возраст прецизираат лекарите.
Надлежните не очекуваат отпор кај родителите а во септември планираат и обука на здравствените работници за подобра примена на новите измени. Со дополнетиот календар за имунизација велат дека ќе бидеме многу понапред од повеќе земји во регионот.

Препорачуваме:

Трет ден штрајк во струмичките училишта и градинки

Сузана Мицева

Започна реконструкцијата на патниот правец од Робово – Муртино

Се изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата

Ване Трајков