Македонија

Нов систем за пресметка на потрошена ел. енергија

Од денеска се применува нов систем за пресметка на потрошената електрична енергија за кој се пресметуваат нови цени, што на домаќинствата ќе им донесе зголемени сметки за струја. Пресметката на скапа и евтина тарифа, која се користеше досега, се заменува со воведување на четири блок тарифи во скапа струја, секоја со различна цена.

Досега, за потрошен киловат во скапата тарифа, граѓаните плаќаа 7,32 денари, а во евтината 3,67 денари. Сега евтината струја, која продолжува да се пресметува од 22 часот навечер до седум часот наутро, ќе чини 3,92 денари. За скапата струја, пак, најмалку ќе се плаќа во првиот блок до 210 киловатчаса, 7,72 денари. Вториот ќе се пресметува за потрошени од 210 до 630 киловатчаса и киловатчас ќе чини 8,07 денари, третиот од 630 до 1050 киловатчаса чини 8,66 денари по кв/ч и четвртиот, за најголемите потрошувачи е најскап и се пресметува над 1050 киловатчаса, по нова цена од 17,5 денари по кв/ч.

Од Владата денеска велат дека тарифната реформа за пресметка на цената на струјата се воведува во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи и заради заштита од ценовен шок.

„Тоа е еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени чинители во енергетскиот сектор“, соопштуваат од Владата.

Препорачуваме:

Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапување на горивата

Ване Трајков

МЗ: Се следат истражувањата за новите вакцини против Ковид-19, во тек набавка на вакцини против грип

 Анѓушев беше главен говорник на панелот „Македонија – вртење на нова страница“