• Tue. May 14th, 2024

Од вечерва филмски проекции за деца и возрасни на СОФ 2020

Од вечерва започнува киното на отворено на Струмица ОПЕН фестивал 2020. Филмските проекции ќе траат до четврток и ќе бидат организирани во два термини. Детската програма ќе биде со почеток од 20:00 часот, додека проекциите на филмови од македонски автори ќе започнува од 22:00 часот.

Првиот македонски филм кој ќе се прикажува на бесплатните филмски вечери е „Година на мајмунот“. Филмот е црна комедија во режија на Владимир Блажевски. Актери во филмот се: Игор Ангелов, Марија Кон, Береда Решит, Александар Камнароски, Фаик Мефаилоски. Главни протагонисти во приказната се Цобе и Коко. Цобе се впушта во спасувачка мисија за фаќање на побегнатото шимпанзо. Ако го фати ќе ја добие својата работа назад. Коко станува знаме на побуната, на непослушноста, и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода“.

Организаторите на СОФ 2020 потсетуваат дека согласно протоколот за организација на настани во време на COVID-19 задолжително е:
– носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
– задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *