• Fri. May 17th, 2024

Одложено првото прскање против комарци поради неповолни временски услови

Југоисточниот плански регион известува дека се одложува првото прскање против возрасни комарци што требаше да се изврши на 10 и 11 јуни, 2020 година (среда и четврток), на територијата на сите општини во регионот. Во Гевгелија, прскањето требаше да се изврши во четврток, на 11 јуни.

            Прскањето се одложува поради неповолни временски услови, т.е. појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *