• Sun. May 19th, 2024

Обнова на детските игралишта во Гевгелија и населените места

Во тек е обновата на детската урбана опрема на детското игралиште што се наоѓа кај Новиот пазар во Гевгелија.
              На овој парк, старата опрема ќе биде заменета со современи играчки за деца. Исто така, ќе бидат поставени нови клупи за одмор и рекреација, корпи за отпадоци, ново осветлување, ќе се обноват тревните површини и ќе се постави и фонтана со вода за пиење.
              На кошаркарското игралиште, таблите од кошевите ќе бидат заменети со нови. Акцијата за обнова на старата урбана опрема за деца на детските игралишта ќе продолжи на неколку локации во градот и во населените места. 
              Општина Гевгелија распиша тендер и избра најповолен изведувач за поставување на урбана опрема во детските игралишта, а тоа е фирмата „МСА КОМПАНИИ ДООЕЛ“- Скопје. Според тендерот, на детските катчиња ќе бидат поставени лулашки, клацкалки со 2 седишта, ротациона играчка, а предвидени се и детски катчиња со метални платформи, 2 лизгалки, спирална лизгалка и вештачка трева. 
              Уредувањето со клупи, корпи за отпадоци, осветлувањето и поставувањето на фонтани за вода ќе го врши ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *