Спорт

Одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ станаа државни прваци

Кога љубовта кон одбојката, младешкиот жар дисциплината и почитта кон своите стратези ќе се соберат на едно место, тогаш резултатите не изостануваат. Одбојкарките на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освоија првото место во државна конкуренција. Во полуфиналето со победата над ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп со резултат од 2:0 во сетови се пласираа во финалето каде што играа со одбојкарките од ООУ „Горгија Пулевски“ од Скопје. Девојките имаа доста добар противник, но со последните сили и нивната борбеност успеаа да ја остварат нивната цел. Второто место го заземаа Скопјанките, а третото домаќините од Велес.

Препорачуваме:

СТРУМИЧКИТЕ ,,ТИВЕРИЈАНКИ,, ГО ШОКИРАА ,,ПАОК,, ВО ГРЦИЈА ПРЕД ТУРНИРОТ НА СВОЈ ТЕРЕН

Ване Трајков

IN MEMORIAM – Почина Ристо Дориев поранешен фудбалер, ќе биде погребан утре во Зубово во 13 часот

Пандев израдува деца вo Џенова со велигденски подароци

Ване Трајков